раздели
Види и:
дели (св. и несв.)
разделат; разделил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2476
1.
Направи нешто на делови.
Примери:
Раздели го лебот да има за сите.
Потоа ги разделија учениците по одделенија.
Раздели и владеј!
2.
Распредели, даде секому по дел, обично од наследство.
Примери:
Пред да умре стариот, им го раздели на синовите си сиот имот.
Уште веднаш си ги разделија меѓу себе парите што ги најдоа.
Слично со:
распредели (св.)
3.
Минувајќи по средината подели нешто на две.
Примери:
Новиот пат требаше да ја раздели населбата на два речиси еднакви дела.
Слично со:
раздвои (св.)
4.
Оддели еден од друг или едно нешто од друго; откине еден од друг; раскине брак, разведе.
Примери:
Нас никој не ќе може да нè раздели.
Одвај ги раздели скараните.
Мајка ѝ ги раздели.
Слично со:
разведе (св.)
5.
Внесе разединетост.
Примери:
Тој настојуваше да го раздели раководството.
6.
Изврши дејство делење.
Примери:
Раздели го добиениот број на четири.
7.
(се раздели) Се подели на делови; разотиде се на разни страни.
Примери:
Набрзо се разделивме на неколку групи и продолживме одделено.
Кај мостот се разделија.
Слично со:
разотиде (св.)
8.
(се раздели) Престане да е заедно со некого; прекине врски или односи со некого, се разведе.
Примери:
Со солзи се разделивме со својот сакан учител.
9.
(се раздели) Земе дел од општ имот, наследство.
Примери:
Се разделија веднаш по смртта на татко им.
10.
(се раздели) Се распадне на групи, се разедини.
Примери:
По тој настан се раздели и тоа до тогаш компактно население.
Слично со:
разедини (св.)