а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разработи

разработат; разработил; разработен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8266
1. Обработи, подготви, направи нешто да стане пригодно за користење.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Го разработија рудникот.
2. За механизми, инструменти и за установа, претпријатие, дуќан - направи да работи добро.
Албански: zhvilloj
Употреба: Економија
Примери:
Ја разработив веќе машината.
Штом дојде тој за раководител, го разработи претпријатието.
3. Развие, испита нешто во подробности.
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го разработи прашањето.
Ја разработи убаво темата.
4. (се разработи) Почне повеќе да работи, стане повреден.
Албански: punoj më tepër, zhvillohem
Примери:
Најпосле и тој се разработи.