разубави
разубават; разубавам; разубавив, разубавија; разубавил; разубавен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9904
1.
За лице, човек направи да стане поубав; за град, текст и слично - направи да стане поинтересен, поизразит.
Примери:
Негата го разубави уште повеќе лицето.
Плоштадите и зеленилото го разубавија градот.
2.
За живот - направи да стане побогат.
Примери:
Таа му го разубави животот.
3.
(се разубави) Стане поубав, поинтересен, побогат.
Англиски:
embellish
Албански:
zbukuroj, stolis
Многу си ми се разубавила.
Животот да ни се разубави.