enrich - онтологија

богатее повеќе

(се) богатеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува сѐ побогат.
Примери:
Таа почна да (се) богатее сѐ повеќе и повеќе.

богати повеќе

богатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде богат.
Албански: pasurohem
Примери:
Тој го богати својот јазичен израз читајќи секојдневно.

забогатее повеќе

Види и: забогати (св.)
(се) забогатеат
Вид збор: Глагол, свршен
се забогати

забогати повеќе

Види и: богати (несв.)
(се) забогатат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане богат.
Примери:
Ме праша како (се) забогатив.

збогати повеќе

збогатат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане богат со пари, со материјални блага.
Албански: pasuroj
Примери:
Таа работа може да те збогати.
Подобри, прошири, унапреди нешто.
Албански: pasuroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговите дела ја збогатија македонската поезија и книжевност.
(се збогати) Стане богат.
Албански: pasurohem
Примери:
Преку ноќ се збогати.

обогати повеќе

(се) обогатат
Вид збор: Глагол, свршен
се збогати

опари повеќе

опарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стекне пари.
Турски: para Албански: pasuroj, bëhem me para
Употреба: Разговорно
Примери:
Таквата добивка го опари.
(се опари) Се стекне со пари, дојде до пари.
Турски: para Албански: pasurohem
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој на нечесен начин се опари.

позбогати повеќе

Види и: збогати (св.)
позбогатат
Вид збор: Глагол, свршен
Се збогати во поголема мера, уште повеќе.

пообогати повеќе

Види и: позбогати (св.)
пообогатат
Вид збор: Глагол, свршен
позбогати

разубави повеќе

разубават
Вид збор: Глагол, свршен
За живот - направи да стане побогат.
Албански: zbukuroj, përmirësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа му го разубави животот.