рамо
мн. рамена
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 854
1.
Дел на човечкото тело од вратот до горниот крај на раката.
Примери:
Го дигнал на рамо и си отишол дома.
Со српот на рамо.
Со мотика на рамо.
Ќе ви сечам глави до рамења.
2.
Дел од телото на животно или птица.
Примери:
(нар. поез.) Се фрли коњу на рамена.
3.
Дел од предмет расположен под агол спрема неговиот основен дел.
Примери:
Рамо на топ.
Изрази
Рамо за плачење - поткрепа, поддршка, човек на кој можеш да си ги кажеш маките.
Рамо до рамо - заедно, здружено, рамноправно.
Крева (дига) рамена - не знае или се прави дека не знае нешто.
Свие (подвие) рамена - се потчини, попушти.
Потчукне по рамо - знак за поддршка, храбрење (меѓу пријатели, другари, блиски).
Потчукне по рамо - лажна утеха, лажно дава пофалби, поткровителско однесување заради придобивање покорност, послушност.