мн. рандмани
Вид збор: Именка, машки род
Сооднос, принос, приход добиен од сировината во вид на фабрикат или на полуфабрикат (обично во рударството и во прехранбената индустрија).
Примери:
Со машинската преработка на грозјето се добива поголем рандман на шира.
Рандманот од оваа сорта говеда е висок.