живее
живеат; живеј, живејте; живеев, живееја; живеел; живеен; живеејќи; живеав, живеаја; живеал; живеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 391
1.
Постои, суштествува како жив организам, жив е.
Примери:
Нема повеќе волја да живее.
Слично со:
суштествува (несв.)
2.
Ги врши биолошките функции, е во живот во определени услови.
Примери:
Рибите живеат во вода.
На такви температури не живеат ни луѓе ни животни, ами само некои инсекти.
3.
Го поминува животот некаде, на некое место.
Примери:
Ескимите живеат на Северниот Пол.
Најдобриот тенисер живее во Монако.
Слично со:
престојува (несв.)
4.
Го поминува животот на некаков начин, под некакви услови.
Примери:
Тој живее без жена.
Два дни живеевме без јадење.
5.
Го поминува животот заедно, во заедница со некого.
Англиски:
coexist
Албански:
bashkëjeton
Тој живее со баба му.
Македонскиот народ живее во заедница со другите националности.
6.
Живее за некого, за нешто; за некоја цел.
Примери:
Тие живеат само за своите деца.
Тој живее само за пари.
Живее за музиката.
7.
Се издржува од нешто.
Англиски:
live
Албански:
mbështetet
Живее од тутун.
Тој живееше од трговија.
8.
Се согласува, е во добри односи со некого.
Примери:
Тие си живееја убаво еден со друг.
Тој не живее со никого.
Човек треба да живее со сите.
Изрази
Живее на туѓ грб – се издржува со туѓи средства.
Изведенки
живеење ср.
глаг. им.
Пример: Охрид е најубавиот град за живеење.
глаг. им.
Пример: Охрид е најубавиот град за живеење.