расте
растат; растел; растат; растејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 843
1.
За човек, животно, растение - станува поголем како резултат од животниот процес; за заби, коса - никнува.
Примери:
Растат децата како трева.
Брзо растеше тополата во дворот.
Фати пак да му расте коса.
Слично со:
зголемува (несв.)
2.
Поминува во некакви услови своето детство, раните години.
Примери:
Заедно растевме, заедно учевме.
Слично со:
живее (несв.)
3.
За растение - вирее, се развива.
Примери:
Кај нас и портокали растат.
4.
Се зголемува по број, размер, обем.
Примери:
Од ден на ден неговото богатство растеше.
Цените брзо растат.
Расте нашиот град.
(разг.) Расте во очите на некого.
5.
се усовршува, се издига, се развива
Примери:
И не забележуваш како растеш низ практиката и учењето.
Слично со:
усовршува (несв.)