а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

растовари

растоварат; растоварил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5785
1. Ослободи од товар.
Англиски: unload Албански: shkarkoj
Примери:
Го растоварил магарето.
Растоварија пет вагони.
2. Ослободи од товар, од обврски.
Англиски: relieve Албански: çliroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме растовари и мене малку директорот.
3. (се растовари) Се ослободи од товар.
Англиски: unload Албански: shkarkoj
Примери:
Дошол дома и се растоварил.
4. (се растовари) Се ослободи од товар, од обврски.
Англиски: free Албански: liroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
По изборите и тој ќе се растовари.