а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расцепи

расцепат; расцепил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10273
1. Со цепење раздели нешто на делови.
Англиски: split Албански: ndaj
Примери:
Гледај како ќе го расцепам дрвото.
Му ја расцепиле главата.
2. За организација, партија, сила - разедини.
Англиски: divide Албански: ndahet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Успеаја да ја расцепат организацијата.
3. За звук - раскине.
Англиски: tear Албански: përçaj
Примери:
Истрел ја расцепи тишината.
4. (се расцепи) Стане на делови.
Англиски: break Албански: copëtoj
Примери:
Се расцепија куќите.
5. (се расцепи) се разедини
Англиски: split Албански: ndaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од тој ден и тие се расцепија.