а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

расцути

расцутат; расцутел; расцутен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6614
1. Пушти цут.
Англиски: blossom Албански: lulëzoj
Употреба: Ботаника
Примери:
Рано расцутија багремите.
2. За човек - разубави се; стане порадосен, повесел.
Англиски: bloom Албански: lulëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Штом се врати тој дома, Верка расцути.
Полека тагата исчезна и лицето расцуте.
3. Достигне повисок степен на развој, забележи подем.
Англиски: bloom Албански: lulëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
И културата ќе расцути.