ревизија
мн. ревизии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7824
1.
Преглед, проверка на работата на установа или некое лице.
Примери:
Инспекторите извршија ревизија на работењето на претпријатието.
2.
Преразгледување на некое учење или теорија за да се внесат неприемливи измени.
Примери:
Ревизија на марксизмот.
3.
Во печатарството - прегледување на текстот пред да се пушти во печат, последна коректура.
Англиски:
proofreading
Албански:
revizion, korekturë
Авторот ќе ја изврши последната ревизија.