а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

редок

ретки
Вид збор: Придавка
Ранг: 1315
1. Што не е чест, густ; што е расположен далеку еден од друг.
Англиски: thin
Примери:
Ретки влакна.
Ретка шума.
Ретко млеко.
Ретка боја.
Ретко платно.
Ретки ѕвезди.
Ретки светилки.
2. Што се повторува во поголеми временски интервали.
Англиски: seldom
Примери:
Ретки средби.
Ретки истрели.
3. Што не се среќава често.
Англиски: uncommon
Примери:
Ретко име.
Ретко растение.
Ретка птица.
4. Исклучителен, што се изделува по своите квалитети.
Англиски: unusual
Примери:
Ретка убавина.
Ретки способности.
Редок талент.