а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

резонанција

мн. резонанции
Вид збор: Именка, женски род
1. Својство на телата да затреперат или да го зголемат треперењето во непосредна близина на друго тело што трепери.
Англиски: resonance Албански: rezonancë
Употреба: Физика
Примери:
Механичката резонанција кај нишалото.
2. Стремеж на системот да осцилира со поголема амплитуда на точно определена фреквенција.
Англиски: resonance Албански: rezonancë
Употреба: Технологија
Примери:
Врвот на осцилаторскиот систем ја покажува резонанцијата.
3. Медицински преглед со помош на електромагнетни бранови за рана дијагноза на болести.
Англиски: resonance Албански: rezonancë
Употреба: Медицина
Примери:
електромагнетна резонанција
4. одзвук, одглас
Англиски: resonance Албански: rezonancë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Акцијата имаше добра резонанција.