ролја
мн. ролји
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11416
1.
Драмски лик што се исполнува од артист на сцена, филм и сл.
Примери:
Тој ги имаше секогаш главните ролји.
(разг.) Игра важна (голема) ролја.
Слично со:
улога (ж.)
2.
Текстот на одделен артист.
Примери:
Сериозно ја учеше својата ролја.
3.
Работа, служба во својството на некој.
Примери:
Тој ја зеде на себе ролјата на раководител.