мн. гранки
Вид збор: Именка, женски род
оддел, дел, раздел, област
Примери:
Сликарството е гранка на уметноста.
мн. делови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е помало од целината, што претставува нејзин составен елемент.
Примери:
дел од географска карта
Тоа што е издвоено во однос на некоја целина.
Примери:
асфалтиран дел од патот
Предмет со посебна функција во рамките на некоја направа.
Примери:
Од деловите на еден стар струјомер се обидуваше да направи електрично ѕвонче.
мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел од некоја целина.
Примери:
Денес се зачувани некои архаични елементи од женската носија.
мн. исечоци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од некоја целина.
Примери:
Во романот е претставен само еден исечок од животот на главниот јунак.
мн. места
Вид збор: Именка, среден род
Одреден дел од книга.
Примери:
Стигна до најинтересното место во книгата.
мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човекот кој зафаќа еден или повеќе телесни органи.
Примери:
Тој чувствува болки во областа на градниот кош.
мн. отсеци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од некоја целина.
Примери:
Композицијата е поделена на педесет и шест тактови, поделени на четири отсеци.
Внатрешна организациска единица во едно одделение на некоја установа, управен орган или сл.
Примери:
Јас сум референт во станбен отсек.
мн. отсечоци
Вид збор: Именка, машки род
Отсечен дел од нешто, одвоено парче.
Примери:
Мал отсечок од светот.
мн. партиди
Вид збор: Именка, женски род
мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
политичка странка
Примери:
демократски партии
Група луѓе обединети од некакви општи интереси, цел.
Примери:
Тие се разделија во две партии.
Дел од повеќегласна музичка творба којaшто се исполнува од еден глас или еден инструмент.
Примери:
Партијата на Тоска во истоимената опера.
Кандидат за брак, првенствено од сметка.
Примери:
Испуштил добра партија.
мн. предели
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото во кој се наоѓа некој орган.
Примери:
Почувствува болка во пределот на градите.
мн. ролји
Вид збор: Именка, женски род
Мера на влијание, степен на учество во некое дело.
Примери:
Ролјата на личноста во историјата.
мн. текови
Вид збор: Именка, машки род
За патот и правецот на истечната вода, на реката.
Примери:
Горниот, средниот и долниот тек на реката.
мн. удели
Вид збор: Именка, машки род
Учество, дел со кој се учествува во нешто.
Примери:
Секој си имаше свој удел во спасувањето на семејството.
мн. улоги
Вид збор: Именка, женски род
Удел, учество, функција, задача во некоја работа, во некое дело.
Примери:
Улогата на личноста во историјата.
учеството
Вид збор: Именка, среден род
Дел во заедничко вршење на нешто.
Примери:
Учество во дискусија.
Удел, партиципација, средства со кои се учествува во изведувањето на некоја работа.
Примери:
Секое претпријатие ќе добие соодветни простории во зградата според своето учество.