руши
рушат; рушете; рушев, рушеа; рушел, рушејќи, рушење, рушив; рушија; рушил; рушен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4921
1.
Претвора во урнатини, соборува, урива.
Примери:
Денеска ќе ја рушат куќата.
Слично со:
урива (несв.)
2.
За здравје - сосипува, уништува.
Примери:
Алкохолот го руши здравјето.
Слично со:
уништува (несв.)
3.
растројува, уништува
Примери:
Оваа негова постапка ги руши сите планови.
Слично со:
растројува (несв.)
4.
(се руши) Се претвора во урнатини.
Примери:
Се руши целиот град.
5.
(се руши) се уништува, се сосипува, се растројува
Примери:
Сега дури се рушат сите наши надежи.
Слично со:
руинира (св. и несв.)