Вид збор: Глагол, свршен
Нагризе, оштети (за киселина, молец).
накрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета, наруши нешто.
Примери:
Го накрни единството на организацијата.
настрадаат
Вид збор: Глагол, свршен
Доживее несреќа, претрпи голема штета.
Албански:
përjetoj fatkeqësi, pësoj dëm
Примери:
Речиси нема семејство што не настрада.
оштети
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе штета некому или на нешто.
Примери:
Постариот брат сакаше да го оштети помалиот.
(се оштети) Си нанесе штета, претрпи штета.
пакостат
Вид збор: Глагол, несвршен
погрешат
Вид збор: Глагол, свршен
(се погреши) Остане со трајна неспособност, со последица од прележана болест, од добиена повреда и сл.
Примери:
По несреќата, се погреши човекот и не го бидува за работа.
подгризат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети, наруши нормален ред.
Примери:
Туѓината му го подгризала здравјето.
расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во неисправна состојба.
Примери:
Уште првиот ден ја расипаа машината.
(се расипе) Дојде во неисправна состојба.
Примери:
Многу се расипаа патиштава.
(се) расипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) Расипува, станува неупотребливо.
Примери:
Новиот автомобил постојано се расипува.
руинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наштети, наштетува на здравјето.
Примери:
Со пушењето си го руинира здравјето.
рушат
Вид збор: Глагол, несвршен
За здравје - сосипува, уништува.
Примери:
Алкохолот го руши здравјето.
трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за алкохол, тутун) Нанесува штета на организмот.
Примери:
Кој многу пие, си го труе организмот.
убијат
Вид збор: Глагол, свршен
За град, слана, мраз - столчи, попари, изгори.
Примери:
Градот ги уби полињата.
Вид збор: Глагол, несвршен
За чест, углед: руши, нарушува.
Примери:
Ми го урива авторитетот.