свадба
мн. свадби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1253
Прослава по повод склучување брак.
Примери:
Ги поканиле сите на свадба.
Бидна свадба и мина.
Изрази
(посл.) Кој не правел куќа и свадба, ништо не знае од веков.
(разг.) Сребрена, златна, дијамантска свадба.
(посл.) Го каниле магарето на свадба, та му зарачале да си го земе самарот.
По свадба тапани.
(посл.) Свадба без гајда (свирка) не бидува.