свест
(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 560
1.
Способност на човека да ја восприема стварноста што го окружува.
Примери:
Одвај му се врати свеста.
Загуби свест.
(разг.) Ми се вие (врти) свеста.
2.
Осознавање на општествениот живот од страна на човекот или група луѓе.
Примери:
Општествена свест.
Издигање на политичката свест.
3.
Во филозофијата, психологијата - процес на одразување на стварноста од страна на мозокот на човекот; психологијата, политичките и филозофските погледи на луѓето како претставници на определени класи.
Примери:
Вторичноста на свеста.
4.
Јасно поимање на нешто и консеквенциите на сопствените дела.
Примери:
Свест за своите права и должности.
Го потпишал тестаментот при полна свест.