Филозофија - категорија

свест повеќе

(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
Во филозофијата, психологијата - процес на одразување на стварноста од страна на мозокот на човекот; психологијата, политичките и филозофските погледи на луѓето како претставници на определени класи.
Англиски: consciousness Албански: vetëdije
Примери:
Вторичноста на свеста.

сензуализам повеќе

(едн.) сензуализмот
Вид збор: Именка, машки род
Сфаќање според кое сетилата се единствен извор на спознанието.
Англиски: sensualism Албански: senzualizëm

синкретизам повеќе

(едн.) синкретизмот
Вид збор: Именка, машки род
Мешање на различни религии или филозофски учења.
Англиски: syncretism Албански: sinkretiyëm

скептицизам повеќе

скептицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Идеалистички филозофски правец кој ја одрекува можноста за спознавање на објективната вистина.
Англиски: skepticism Албански: skepticizëm

скептички повеќе

скептичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на скептицизам.
Англиски: sceptical
Примери:
скептичка школа

сколастик повеќе

мн. сколастици
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на сколастичката филозофија.
Англиски: scholastic

сколастика повеќе

Види и: схоластика (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
схоластика
Англиски: scholastic

сколастичен повеќе

Види и: схоластичен (прид.)
сколастичниот
Вид збор: Придавка
Што е својствен на сколастиката; што има обележја на сколастиката.
Англиски: scholastic

сколастички повеќе

Види и: схоластички (прид.)
сколастичка
Вид збор: Придавка
схоластички, схоластичен
Англиски: scholastic

слобода повеќе

мн. слободи
Вид збор: Именка, женски род
Во филозофијата - можност на човека да ги оствари своите цели и стремежи.
Англиски: freedom Албански: liri
Примери:
слобода на волјата

содржина повеќе

мн. содржини
Вид збор: Именка, женски род
Смисла, суштина на нешто; во филозофијата - основа на појава или процес што ја определува нивната суштина.
Англиски: meaning Албански: kuptim, domethënie
Примери:
Не можеше да најде содржина на животот.

солипсизам повеќе

(едн.) солипсизмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофска теза по која само сопственото „јас“ постои. Основа е невозможноста да се спознае реалноста вон сопствената свест.
Англиски: solipsism

сопство повеќе

сопството
Вид збор: Именка, среден род
Во индиската филозофија, тоа што го чини идентитетот на една личност.
Англиски: self, identity

софизам повеќе

мн. софизми
Вид збор: Именка, машки род
Заклучок кој формално изгледа правилен но во сушноста е лажен.
Англиски: sophism

софист повеќе

мн. софисти
Вид збор: Именка, машки род
Старогрчки филозоф што се служел со софизми.
Англиски: sophist Албански: sofist

софистика повеќе

(едн.) софистиката
Вид збор: Именка, женски род
Заклучоци, разгледувања што доведуваат до заблуда; софизми.
Англиски: sophism

софистички повеќе

софистичка
Вид збор: Придавка
Кој содржи софизми, заснован врз софизми.
Англиски: sophistic
Примери:
Софистички аргументи.

софистка повеќе

Види и: софист (м.)
мн. софистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена софист.

социјализам повеќе

(едн.) социјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење за изградбата на вакво устројство.
Англиски: socialism Албански: socializëm
Примери:
Научен социјализам.
Назив на различни учења за реформа на капиталистичкото општество.
Англиски: socialism Албански: socializëm
Примери:
Христијански социјализам.

спекулативен повеќе

спекулативниот
Вид збор: Придавка
Што е добиен, до кое дошло преку спекулација, со набљудување, испитување, теоретско размислување.
Англиски: speculative

спекулација повеќе

мн. спекулации
Вид збор: Именка, женски род
Чисто теоретско, умствено, интуитивно спознавање.
Англиски: speculation Албански: spekulim

спиритуализам повеќе

спиритуализмот
Вид збор: Именка, машки род
Идеалистичко филозофско учење што го признава духот како сушност на светот и ја одречува стварноста на материјата.
Англиски: spiritualism

спиритуалист повеќе

мн. спиритуалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник, следбеник на спиритуализмот.
Англиски: spiritualist

спознание повеќе

мн. спознанија
Вид збор: Именка, среден род
Во филозофијата и психологијата - процес на одразување на стварноста на мозокот на човека.
Англиски: cognition
Примери:
Спознанието е функција на мозокот.

стихија повеќе

мн. стихии
Вид збор: Именка, женски род
Кај старогрчките филозофи - основен елемент на природата: оган, вода, воздух, земја.
Англиски: element Албански: element

стоик повеќе

мн. стоици
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на стоицизмот.
Англиски: stoic Албански: stoik

стоицизам повеќе

(едн.) стоицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во античката филозофија.
Англиски: stoicism Албански: stoicizëm

субјект повеќе

мн. субјекти
Вид збор: Именка, машки род
Во филозофијата суштество што има свест, волја и способност за целесообразна дејност.
Англиски: subject Албански: subjekt

субјективизам повеќе

(едн.) субјективизмот
Вид збор: Именка, машки род
Во филозофијата - идеалистички правец што ја одречува објективната стварност.
Англиски: subjectivism Албански: subjektivizëm

субјективист повеќе

мн. субјективисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на субјективизмот.

субјективистички повеќе

субјективистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на субјективизам и субјективност.
Англиски: subjectivistic
Примери:
субјективистичка критика

супстанција повеќе

мн. супстанции
Вид збор: Именка, женски род
Во филозофијата - вечно подвижната и вечно менливата материја.
Англиски: substance Албански: substancë

супстрат повеќе

мн. супстрати
Вид збор: Именка, машки род
Во филозофијата - општа материјална основа на различните појави или процеси.
Англиски: substrate Албански: substrat

схоластик повеќе

мн. схоластици
Вид збор: Именка, машки род
Средновековен филозоф, приврзаник на схоластика.
Англиски: scholastic Албански: skolastik

схоластика повеќе

(едн.) схоластиката
Вид збор: Именка, женски род
Правец во средновековната филозофија во служба на црковните догми.
Англиски: scholasticism Албански: skolastikë

схоластичен повеќе

схоластичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на схоластика.
Англиски: scholastic Албански: skolastik
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш