свети
светат, светел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2364
1.
Излачува, пушта светлина некаде, сјае.
Примери:
Сонцето свети.
Свеќата свети.
Слично со:
сјае (несв.)
2.
Со свеќа, ламба прави да се гледа, осветлува.
Примери:
Го зеде фенерот да му свети.
3.
За прозорец, отвор - пушта светлина надвор.
Примери:
Видов, прозорецот му светеше.
4.
За очи, поглед, лице - блескоти, искри, сјае од радост, среќа.
Примери:
Очите ѝ светат.
Колку е среќен, сиот свети.
5.
Се одликува со беспрекорна чистота, трепети, сјае.
Примери:
Нејзината куќа секогаш свети од чистота.
6.
Стои покрај некого без да учествува во работата.
Примери:
Цел ден ми свети малиов.
7.
За вода, масло - осветува со обреди и молитви.
Примери:
Свети вода, масло.
(разг.) Ќе му свети масло.
Слично со:
осветува (несв.)