а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свиња

мн. свињи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2584
1. домашно животно
Латински: Suc domestica Англиски: pig Албански: derr, thi
Употреба: Зоологија
Примери:
Ја заклаа свињата.
Дива свиња (Suc scrafa).
2. нечист, извалкан човек, некултурен човек
Англиски: swine Албански: derr
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
За нив било чисто, свињи ниедни.
3. низок, морално пропаднат човек
Англиски: swine Албански: derr
Употреба: Разговорно
Примери:
Го знам што свиња е.
Изрази
(посл.) Видела свињата рогозина, па посакала и постела.
Му прилега како ѕвонец (самар) на свиња.
Разбира колку свиња од диња (знае свиња што е диња).
Убавите (зрелите) круши свињите ги јадат.