а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

секира

мн. секири
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1898
Алатка за сечење дрва со метална острица и дрвена рачка.
Англиски: ax
Употреба: Разговорно
Примери:
Острилото на секирата.
Изрази
(разг.) Му паднала секирата (балтијата) в мед - го послужи голема среќа.
Нашол секира зад врата - добро му тргнала работата.
(посл.) Не плаче гората од секирата, ами од рачката (држалото).
Заранет на секира - многу лош човек, според обичајот куче да се зарани на секира за да биде лошо.
Ќе падне секирата, ќе го отепа нероден Петко - кога однапред се предвидуваат лоши работи кои можеби нема да се случат.
(ирон.) Плива како секира по вода - не знае да плива.