а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

секунда

мн. секунди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1756
1. Единица за мерење на времето, рамна на 1/60 дел од минута.
Англиски: second Албански: sekondë
Употреба: Физика
Примери:
Светскиот рекорд во трчање на 100 метри е под десет секунди.
Можеше да трча сто метри за помалу од 11 секунди.
2. Многу краток временски интервал.
Англиски: second Албански: sekondë
Употреба: Преносно значење
Примери:
(разг.) Само една секунда.
Точен е во секунда.
3. Единица за мерење на агли, рамна на 1/360 дел од степен.
Англиски: second Албански: sekondë
Употреба: Физика
4. Растојание меѓу два тона во однос на нивната висина.
Употреба: Музика и танц
Изрази
Само една секунда - сега, веднаш.