а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

синтетичен

синтетични
Вид збор: Придавка
1. Заснован врз синтеза.
Англиски: synthetic
Примери:
синтетичен метод
2. Заснован врз синтеза; добиен како резултат од синтеза.
Англиски: synthetic
Употреба: Хемија
Примери:
синтетично влакно
синтетичен каучук
синтетичен начин на добивање петрол
3. Што сврзува одделни елементи во една целина.
Англиски: synthetic
Употреба: Книжевен збор
Примери:
синтетичен ум
синтетичен лик
4. При што односите во реченицата се изразуваат со формите на самите зборови.
Англиски: synthetic
Употреба: Граматика
Примери:
синтетични јазици