скапе
(се) скапат; скапи, скапете; скапав, скапаа; скапал; скапан; скапев, скапеа, скапел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16778
1.
Се разложи, се распадне се поради гниење, изгние.
Примери:
Ќе скапат овде крушиве.
Се скапала штицава
Слично со:
изгние (св.)
2.
Загине, умре од некоја тешка болест или од тешки услови за живот.
Примери:
Ќе скапе в затвор.
Слично со:
загине (св.)
3.
Разложи се од ќотек, работа, од често и непрекинато вршење на некое дејство.
Примери:
Го скапале од ќотек.
Се скапав од работа.
Ќе се скапе патувајќи.
Се скапал убедувајќи ги.