скрати
скратат; скратил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8582
1.
Направи нешто да стане кратко или пократко.
Примери:
Ја скратија работната недела.
Го скративме патот.
Ќе ја скратат постапката.
Ми го скратија написот.
(разг.) Му ги скрати деновите.
Скрати збор (напише само почетната буква или уште некоја друга).
2.
Намали, ограничи нешто по количество, број.
Примери:
Тоа ни ги скрати приходите.
Ни го скратија бројот на работниците.
Слично со:
намали (св.)
3.
Делејќи со некој број изрази во помали броеви.
Примери:
Скрати равенка.
4.
(се скрати) Стане кратко или пократко.
Примери:
Патот се скрати за неколку часа.
Се скратија деновите.
5.
(се скрати) Се намали по обем, количество.
Примери:
Расходите значително ни се скратија.
Изрази
Скрати некому - прекине живот, усмрти; Отстрани причина што предизвикува мака, проблем.
(закана) Ќе те скратам за глава.
Скрати малку - не преувеличувај ги работите.