а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скривница

мн. скривници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9273
1. Место каде што може да се скрие од некого или од нешто; специјална просторија за криење при престрелки, напади од воздух и сл.
Англиски: shelter Албански: strehim, vendfshehje
Употреба: Воен термин
Примери:
Ископаа скривница кај колибата во бавчата.
Штом ќе се појавеа авиони, сите бегаа во скривницата.
2. Место каде што се крие нешто, обично драгоцености.
Англиски: hideaway Албански: vendfshehje
Примери:
Скривница на книги и ракописи.
Манастирска скривница.