скромен
скромни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3062
1.
Што избегнува да се фали.
Примери:
Секогаш беше и остана скромен.
2.
Што не изразува вообразеност; што сведочи за здржаност во држењето.
Примери:
скромно мислење
скромен вид
3.
Што не се изделува со ништо.
Примери:
скромен стан
скромна свеченост
скромен пречек
4.
Што не е особено голем по обем, размери, значење и сл.
Примери:
скромни барања
скромни примања
скромни заслуги
скромни успеси