а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

скромен

скромни
Вид збор: Придавка
Ранг: 3062
1. Што избегнува да се фали.
Англиски: modest Албански: modest
Примери:
Секогаш беше и остана скромен.
2. Што не изразува вообразеност; што сведочи за здржаност во држењето.
Англиски: modest Албански: i përmbajtur
Примери:
скромно мислење
скромен вид
3. Што не се изделува со ништо.
Англиски: simple Албански: i thjeshtë
Примери:
скромен стан
скромна свеченост
скромен пречек
4. Што не е особено голем по обем, размери, значење и сл.
Англиски: minuscule Албански: i pakët
Примери:
скромни барања
скромни примања
скромни заслуги
скромни успеси