скрши
скршат; скршил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1398
1.
Со удирање направи нешто на парчиња; со удар разбие, раскрои; со удар повреди некој дел на телото.
Примери:
Ми го скрши лустерот.
Ја скршиле вратата и влегле внатре.
Ми ја скрши ногата.
Му го скрши носот.
Тогаш ги скрши сите чаши.
Му ги скрши роговите.
Скрши глава, скрши врат.
Скрши ќеф, атер, волја.
5.
(се скрши) Повреди некој дел на своето тело при удар.
Примери:
Паднав и се скршив целиот.
Слично со:
повреди (св.)
Изрази
(разг.) Го скрши мразот - започне некоја работа по долго време.
(посл.) Откако ќе се скрши колата многу патчиња се отвораат.
(закана) Ќе му ја скршам главата (нозете, забите, коските, вратот)!
Му ги скрши роговите - смири нечија гордост.
Скрши ќеф (атер, волја, збор) - не исполни некому желба, волја, тоа што се барало.
Скри збор (лаф) со некого - поразговара со некого, направи муабет.
Скрши разговор некому - прекине разговор.
Скрши сон - прекине сон.
Го скрши јазикот - премногу е учтив.
Не си грне да се скршиш - ништо нема да ти биде.
Скрши срце некому.
Скрши нога - направи напор да посети некого.