следи
следат; следи, следел; следиме; следеле; следен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 593
1.
Оди по некого или по нешто.
Примери:
Тој ја следи насекаде.
Гостилничарот го следел гостинот до собата.
Песот го следел крадецот.
Сè до бродот некој постојано ќе ве следи во чекор.
Ја следеше сè до мостот.
2.
Набљудува нешто што се движи.
Примери:
Бебето го следи движењето на мајката.
Го следи со поглед.
Тој ден го следеше движењето на едно јато риби.
Слично со:
набљудува (несв.)
4.
Се интересира за одот, развојот на нешто.
Примери:
Го следи печатот.
Не ги следи најновите достигања на науката.
Поетот го следи примерот на народната песна.
5.
Се угледува на некого, на нечии постапки.
Англиски:
imitate
Примерот на тоа село наскоро ќе го следат и околните села.
Во однесувањето на децата тој го следеше својот учител.
Слично со:
имитира (несв.)
6.
Оди по трага на човек или животно.
Англиски:
track
Ловџиите ја следеле трагата на волкот додека не го убиле.
7.
Проследува определен период, посматра некаков настан определено време.
Англиски:
follow up
Лекарот ја следи болеста веќе една година.
8.
Покажува интерес, грижа, држи под внимание некого или нешто.
Англиски:
observe
Тој го следеше осамостојувањето на својот син.
Слично со:
интересира (несв.)
9.
следува
Англиски:
follow
По овој настан следеше изненадување.
По завршувањето на основното образование следи средното.