слее
слеат; слеј, слејте; слеав; слеаја; слеал; слеан; слеев, слееја; слеел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7485
1.
За метали - соедини со леење; направи со леење, излее.
Примери:
Го слеа железото.
Слеале девет прстена.
Слее пушка.
Слично со:
излее (св.)
2.
Соедини во една целост; сврзе неразделно.
Примери:
Не слеаја со нив.
Борбата нѐ слеа цврсто.
Слично со:
соедини (св.)
3.
(се слее) Се соедини во еден поток.
Примери:
Под планината реките ќе се слеат.
4.
(се слее) Се соедини во една целост; се сврзе неразделно.
Примери:
Се слеа народот.
Животот му се слеа со татковината.