слобода
мн. слободи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 477
1.
Во филозофијата - можност на човека да ги оствари своите цели и стремежи.
Примери:
слобода на волјата
Спротивно од:
неслобода (ж.)
2.
Отсуство на политичко и економско ропство.
Примери:
војна за слобода
борец за слобода
смрт или слобода
3.
Состојба на оној што не е затворен.
Примери:
Лишен од слобода.
Го пуштија врапчето на слобода.
4.
Лична независност, отсуство на секакви ограничувања.
Примери:
слободата на писателот
Кај него тој имаше потполна слобода.
Слично со:
самостојност (ж.)
5.
Можност за дејство во некоја област без ограничување.
Примери:
слобода на печатот
слобода на движењето
слобода на трговијата
слобода на мислењето
6.
Непринуденост во држењето, отсуство на врзаност.
Примери:
Ја имаше слободата на опитен државник.
Изрази
Даде слобода.
Демократски слободи.
Слобода на изразување.
Слобода на медиумите.
Економски слободи.
Поетска слобода - можност на поетот, писателот да отстапи од граматичките или од јазичните правила поради стилски причини.
Слобода или смрт - парола на македонските борци за слобода.
Смрт на фашизмот - слобода на народот - парола на борците за слобода во Втората светска војна.
Академска слобода - принцип на слобода на науката и наставата на универзитетите во однос на надворешни влијанија од страна на државата (власта, црквата и сл.).