сложен
сложени
Вид збор: Придавка
Ранг: 1397
1.
Кој се состои од неколку дела или елементи.
Англиски:
complex
сложени реченици
сложени броеви
сложени зборови
2.
Кој претставува збир на различни делови, односи, врски; кој обединува во себе различни, често противречни страни.
Англиски:
complex
сложена наука
сложен процес
сложен карактер
Слично со:
комплексен (прид.)
3.
Кој е тежок за разбирање, решение, остварување.
Англиски:
complicated
сложено прашање
сложена задача
сложена операција
сложена ситуација
4.
(сложни) Во кој има заемна согласност, единство.
Англиски:
united
сложни браќа
Слично со:
сплотен (прид.)
5.
(сложни) Втор составен дел на некои сложенки со значење: кој се состои од толку слогови колку што се кажува во првиот дел.
Примери:
двосложен збор
повеќесложен
Изрази
(посл.) Сложни калуѓери среда и петок мрсат (и во петок риба јадат).