Лингвистика - категорија

санскрит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
древен писмен јазик на Индија

санскритист повеќе

мн. санскритисти
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по санскрит

санскритски повеќе

санскритскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на санскрит; напишан на санскрит.
Примери:
санскритски јазик

седмерец повеќе

мн. седмерци
Вид збор: Именка, машки род
Стих од седум слога.
Албански: strofë me shtatë rrokje

седмосложен повеќе

Види и: седумсложен (прид.)
седмосложна
Вид збор: Придавка
седумсложен

седумсложен повеќе

седумсложни
Вид збор: Придавка
Кој има седум слога.
Примери:
Седумсложен стих.

сема повеќе

мн. семи
Вид збор: Именка, женски род
Минимална компонента што го носи значењето на зборот.

семазиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
семантика
Англиски: semasiology

семантема повеќе

мн. семантеми
Вид збор: Именка, женски род
Основен елемент што изразува идеја или претстава.
Англиски: semanteme

семантика повеќе

(едн.) семантиката
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лингвистиката што се занимава со проучување на значењето на зборовите и изразите.
Англиски: semantics Албански: semantika
Значењето на даден збор или израз.
Англиски: meaning Албански: semantikë, domthënie

семантичар повеќе

мн. семантичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по семантика.
Англиски: semanticist

семантичен повеќе

семантична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на семантика.
Англиски: semantic
Примери:
семантични промени

семасиологија повеќе

Види и: семантика (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
семантика
Англиски: semasiology

семиолог повеќе

мн. семиолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по семиологија.

семиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за знаците.

семиотика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за толкување на знаците и нивните системи.
Англиски: semiotic Албански: semiotikë

сигма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Буква од грчката азбука, обично се користи како знак на збир во математиката (∑).
Англиски: sigma

силабизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Систем на ритмичко мерење според бројот на слоговите во стихот.
Англиски: syllabication

силабичен повеќе

силабичниот
Вид збор: Придавка
Изграден врз слободно определено количество слогови.
Англиски: syllabic
Примери:
силабични стихови

силабичност повеќе

Види и: силабизација (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Својство на силабичен стих.
Англиски: syllabicity
Примери:
Како се нарекува стихот кој не е ограничен со ритмички стапки, тон, силабичност, групирање во строфи и римување?

синегдоха повеќе

мн. синегдохи
Вид збор: Именка, женски род
Стилска фигура во која целината е претставена преку свој дел.
Англиски: synecdoche
Примери:
огниште наместо дом

синкретизам повеќе

(едн.) синкретизмот
Вид збор: Именка, машки род
Идентитет на формата при различни морфолошки форми на зборот.
Англиски: syncretism Албански: sinkretizëm
Примери:
Синкретизам на членувањето.

синолог повеќе

мн. синолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по синологија.
Англиски: sinologist

синологија повеќе

(едн.) синологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги изучува јазикот и културата на Кина.
Англиски: sinology

синолошки повеќе

синолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синологија.
Англиски: sinologic
Примери:
Синолошки испитувања.

синоним повеќе

мн. синоними
Вид збор: Именка, машки род
Збор различен од друг по звуков состав но ист или многу близок со него по значење.
Англиски: synonym Албански: sinonim
Примери:
Синонимите во македонскиот јазик
ист, еднаков поим
Англиски: synonym Албански: sinonim
Примери:
Окупацијата - синоним на гладот.

синонимен повеќе

синонимни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на синоним; што се јавува како синоним.
Англиски: synonymous
Примери:
синонимен израз

синонимија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Појава на истозначни зборови со различно звучење; појава на различни граматички средства со исто значење и сл.
Англиски: synonymy
Примери:
лексичка синонимија
Дел од лексикологијата што ги проучува синонимите.
Англиски: synonymy

синонимика повеќе

(едн.) синонимиката
Вид збор: Именка, женски род
Сите синоними на еден јазик.
Албански: sinonimikë
Оддел од лексикологијата што ги изучува синонимите.
Албански: sinonimikë

синтаксичар повеќе

мн. синтаксичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по синтакса, тој што се занимава со синтакса.

синхронија повеќе

мн. синхронии
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на еден јазик во даден временски период.
Англиски: synchrony Албански: sinkroni

славист повеќе

мн. слависти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по славистика; студент по славистика.
Англиски: Slavicist

славистика повеќе

(едн.) славистиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги изучува словенските јазици и култури; словенска филологија.
Англиски: Slavic studies

славистички повеќе

славистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на славист и славистика.
Примери:
славистички кругови

славофон повеќе

мн. славофони
Вид збор: Именка, машки род
Во политички текстови во врска со прашањето за Македонците во Грција - лице што зборува на словенски јазик.

сленг повеќе

мн. сленгови
Вид збор: Именка, машки род
Посебен говор на затворена група што го разбираат само тие, при што значењето на зборовите отстапуваат од општоприфатените семантички вредности.
Англиски: slang

словенизам повеќе

мн. словенизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз во несловенски јазик земен од словенските јазици.

словенски повеќе

словенска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на Словен и Словенство.
Англиски: slavonic
Примери:
словенски ракописи

слоготворен повеќе

слоготворниот
Вид збор: Придавка
Што може да образува слог.

сложен повеќе

сложени
Вид збор: Придавка
(сложни) Втор составен дел на некои сложенки со значење: кој се состои од толку слогови колку што се кажува во првиот дел.
Примери:
двосложен збор

социолект повеќе

мн. социолекти
Вид збор: Именка, машки род
Јазик на одредена социјална група, на пример јазикот на младите.
Англиски: sociolect

социолингвистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Научна дисциплина што ги проучува сите аспекти на појавите и процесите во јазикот, обусловени од односот помеѓу јазикот и општеството.
Англиски: sociolinguistics

спирант повеќе

мн. спиранти
Вид збор: Именка, машки род
струен консонант
Англиски: spirant

спирантски повеќе

спирантска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на спирант.

спондеј повеќе

мн. спондеи
Вид збор: Именка, машки род
Во науката за литературата - двосложна стапка.

србизам повеќе

мн. србизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз преземен од српскиот јазик.

стандарднојазичен повеќе

стандарднојазичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на стандардниот јазик.
Примери:
стандарднојазична норма

старогермански повеќе

старогерманскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на древна Германија.
Англиски: old German
Примери:
старогермански јазик

старословенизам повеќе

мн. старословенизми
Вид збор: Именка, машки род
Збор или израз од старословенскиот јазик.
Англиски: old slavic

стилистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за стилот.
Англиски: stylistics

стилистички повеќе

стилистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на стилистиката.
Англиски: stylistic

стих повеќе

мн. стихови
Вид збор: Именка, машки род
Одделен ред во стихотворба.
Англиски: verse Албански: strofë
Примери:
Го запамети само последниот стих.

структурализам повеќе

структурализмот
Вид збор: Именка, машки род
Еден од правците на современата лингвистика.
Англиски: structuralism

структуралист повеќе

мн. структуралисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на структурализмот.

структуралистички повеќе

структуралистичка
Вид збор: Придавка
Што е во врска со структурализмот.

супстантивизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
супстантивизирање, поименчување
Англиски: substantivization

супстантивизира повеќе

Види и: супстантивира (св. и несв.)
супстантивизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
поименчи, поименчува
Англиски: substantivize

супстрат повеќе

мн. супстрати
Вид збор: Именка, машки род
Во лингвистиката - постар слој на јазикот на некое подрачје.
Англиски: substrate Албански: substrat

суфиксација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Суфиксен начин на образување.
Англиски: suffixation
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш