а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сложи

сложат; сложил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5504
1. Положи на едно место, во определен ред разни предмети.
Англиски: arrange Албански: rregulloj
Примери:
Ги сложи дрвата.
Уште не ги сложил книгите.
2. Состави заедно делови на нешто.
Англиски: assemble Албански: grumbulloj
Примери:
Ги сложи деловите од машината.
3. Во печатарството - набере текст.
Англиски: compose Албански: kompozoj
Примери:
Денеска ќе го сложат ракописот.
4. Наведе на спогодба.
Англиски: agree Албански: pajtoj
Примери:
Успеа да ги сложи скараните.
5. (се сложи) се спогоди
Англиски: agree Албански: pajtoj
Примери:
Се сложија и сега работата ќе тргне.
6. (се сложи) Заемно се согласи.
Англиски: accept
Примери:
Сите се сложија да одат на базен.
Мажите се сложија со предлогот.
7. (се сложи) се поклопи
Англиски: align Албански: përkoi
Примери:
Сметките се сложија.
8. За бои - одговара едно на друго.
Англиски: fit
Примери:
Зелената убаво се сложи со црвената.
Ќе се сложат и боите.