аранжираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Убаво, со смисла уреди, уредува, подготви, подготвува.
Примери:
Ученици од уметничкото училиште ги аранжираа излозите.
Приреди, приредува музичко дело за изведување.
Примери:
Тој ја аранжира песната за Евросонг.
годат
Вид збор: Глагол, несвршен
готви, подготвува, токми
Примери:
Ја годеа куќата за продавање.
договорат
Вид збор: Глагол, свршен
Постигне договор; закаже, организира (средба, состанок).
Примери:
Ја договорил продажбата на куќата.
Вид збор: Глагол, свршен
Реди, нареди до крај.
Примери:
Ги дореди картите и почна да гата.
издоговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Договори конечно, целосно, договори со повеќемина, со сите.
Примери:
Ги издоговоривме сите детали околу состанокот.
Вид збор: Глагол, свршен
Намести сѐ што било за местење.
Примери:
Изнаместија по масите секакви јадења.
Смести повеќемина некаде, на работа, да престојува и сл.
Примери:
Ги изнамести и децата на добри места.
испоредат
Вид збор: Глагол, свршен
испонареди
Примери:
Ги испореди книгите на полицата.
местат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доведува во ред, става на соодветно место.
Примери:
Жената ги местеше креветите.
Прередува од едно место на друго.
Примери:
Само ги мести книгите од едно на друго место.
нагласат
Вид збор: Глагол, свршен
Договори, среди нешто, некоја работа.
Примери:
Не грижи се, ќе ја нагласиме таа работа.
наредат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, размести во определен ред.
Примери:
Го нареди по височина меѓу првите.
Среди, уреди, доведе во добра состојба.
Примери:
Јас ќе ја наредам таа работа.
пакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
мести, средува, подредува
Примери:
Тој ги пакува картите.
развијат
Вид збор: Глагол, свршен
распореди
Примери:
Ја разви четата во шумичката.
ранжираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Размести, разместува; постави, поставува во ред железнички вагони.
Примери:
Ранжира вагони.
редат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става в ред нешто растурено, уредува.
Примери:
Подобро да остане, да си ја реди куќата.
(се реди) Се става в ред.
Примери:
Ајде, редете се ваму.
(се реди) Се изредува, следува еден по друг.
Примери:
Се редат куќи, ту мали ту големи.
сложат
Вид збор: Глагол, свршен
Положи на едно место, во определен ред разни предмети.
Примери:
Ги сложи дрвата.
Вид збор: Глагол, свршен
Нареди неопходното за јадење.
Примери:
Стави софра.
Вид збор: Глагол, несвршен
токми
Албански:
gatis, rregulloj
стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става во ред, реди.
Примери:
Ги строи во два реда.
Вид збор: Глагол, несвршен