а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смеша

смешаат; смешал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8896
1. Соедини, измеша две или повеќе работи во едно.
Англиски: mix, blend Албански: përziej
Примери:
Го смешале брашното.
Го смешал виното.
2. Наруши распоред на нешто.
Англиски: mix up Албански: ngatërroj
Примери:
Ги смеша картите.
Ќе ги смеша страниците.
3. Грешно прими едно нешто за друго, или некој за друг.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Примери:
Ги смешав, мислев дека е докторот.
4. Воведе во некој круг.
Англиски: introduce Албански: fut
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Сакаше да ја смеша со професорите.
5. (се смеша) Соедини се во едно со мешање.
Англиски: mix Албански: përziej
Примери:
Се смеша крвта со водата.
6. (се смеша) Загуби обичен ред, поредок.
Англиски: confuse Албански: çrregulloj
Примери:
Ми се смешаа мислите.
7. (се смеша) се замеша
Англиски: involve Албански: përziej
Примери:
Во караницата се смешал и богатиот.
8. (се смеша) Влезе сред луѓе.
Англиски: mix Албански: fut
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се смеша и тој со луѓето.