а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

смрзне

смрзнат; смрзнал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14378
1. Се претвори во мраз од студ; се покрие со кора од мраз.
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
Смрзнала водата.
И реките ќе смрзнат.
2. истине, измрзне
Англиски: catch a cold Албански: zbehet
Примери:
Ќе смрзнат децата надвор без палта.
3. Повреди некој дел од телото под дејството на студот; умре од голем студ.
Англиски: freeze Албански: zbehet
Примери:
Во војната му смрзнале прстите на нозете.
Смрзнал само еден старец.
4. се исплаши, се скочани
Англиски: frighten Албански: frikësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Учениците смрзнаа кога го видоа.
(разг.) Му смрзна крвта во жилите.
5. Направи нешто да се заледи.
Англиски: freeze Албански: ftoh
Примери:
Смрзни го месото да не се расипе.
Нѐ смрзна без печка во собава.
6. Направи некој да се смрзне (обично од страв).
Англиски: petrify Албански: nguros
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дојде тој и ги смрзна.
7. (се смрзне) настине
Англиски: freeze Албански: ngrij
Примери:
Се смрзнав, ми тече носот.