совет
мн. совети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1055
1.
Укажување, поука, предлог како да се постапи.
Примери:
По советот на лекарот.
Даде совет.
Не слуша совети.
Не бара совет.
Слично со:
предлог (м.)
2.
Заедничко разгледување на некои прашања, советување.
Примери:
семеен совет
Совет за успехот на учениците.
3.
Учесниците на советување.
Примери:
родителски совет
4.
Орган при некоја организација, установа и сл.
Примери:
Советот за безбедност
научен совет
5.
Назив на некои органи на државната управа.
Примери:
совет за просвета
министерски совет