согори
согорат; согори, согорете, согорев, согореа, согорел, согорен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 23104
1.
Изгори, уништи со оган, со пожар.
Примери:
Гром ги согори електричните далноводи.
Слично со:
изгори (св.)
2.
Растопи, разгради нешто.
Англиски:
burn
Кислородот ги согори хранливите материи.
Вежбањето ќе ги согори калориите.
Слично со:
растопи (св.)
3.
Пропадне, се уништи од напорна работа, тешка болест и сл.
Примери:
Согореа од желбата за среќа.
Согори од носталгија.
Согореле од болест.
Слично со:
пропадне (св.)