солен
солени
Вид збор: Придавка
Ранг: 5657
1.
Кој содржи сол, наситен со сол.
Примери:
солени извори
солени езера
солено море
2.
Приготвен со сол, кој има вкус на сол.
Примери:
солено јадење
многу солен леб
3.
Конзервиран со сол.
Примери:
солени риби
солена сланина
4.
Кој излегува скапо.
Примери:
Малку е солен овој штоф.
Му излезе солено.
5.
Што се однесува на сол.
Примери:
Солна киселина - HCl.