сонува
сонуваат; сонував; сонувал; сонуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 753
1.
Виѓава сон, виѓава некого или нешто на сон.
Примери:
Децата сонуваат дека трчаат. Ретко кога сонува.
Го сонуваше своето село. Сонува некого
Слично со:
спие (несв.)
2.
мечтае, фантазира
Примери:
Тоа немој да го сонуваш.
Сѐ уште сонуваше да стане цар.
Слично со:
мечтае (несв.)
Изрази
(посл.) Гладна кокошка просо сонува.
(разг.) Што мислиш, тоа сонуваш.
Изведенки
сонувач м.
Тој што сонува.
Тој што сонува.