а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сопатник

мн. сопатници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6101
1. Лице што патува, оди со некого.
Англиски: fellow traveller Албански: bashkëudhëtar
Употреба: Туризам
Примери:
Беше весела и разговараше со своите сопатници.
2. Лице што заедно со некој друг го минува животниот пат.
Англиски: life partner Албански: bashkëshort
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неразделен сопатник во животот.
3. Нешто што се среќава обично заедно со нешто друго.
Англиски: companion Албански: shoqërues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Истоштеноста - сопатник на староста.
4. Небесно тело што се движи околу планета.
Англиски: satellite Албански: satelitë
Употреба: Астрономија