а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сорта

мн. сорти
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7377
1. Разновидност на некое културно растение.
Англиски: variety Албански: shumëllojshmëri
Употреба: Разговорно
Примери:
различни сорти тутун
севозможни сорти јаболка
2. Категорија, разред, класа на нешто по квалитет.
Англиски: grade Албански: kategori, lloj
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
стоки од секоја сорта
полоша сорта
3. Вид, подраздел во систематизацијата на растенија, на некои производи и сл. што се изделува од другите такви по некакви карактеристични својства, обележја.
Англиски: sort Албански: lloj, soj
4. сој, карактер, особина
Англиски: type, kind Албански: lloj, soj
Употреба: Разговорно
Примери:
Од која сорта е детево?