а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

соседство

(едн.) соседството
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 5919
1. Близост со некого, со нешто по место на живеење, на наоѓање.
Англиски: neighborhood Албански: fqinjësi
Примери:
Седи во соседство.
Соседство со болницата.
Во соседство на огнот.
2. Состојба на сосед, соседски односи.
Англиски: neighborhood Албански: fqinjësi
Примери:
Ништо не можеше да го наруши нивното добро соседство.
3. соседи
Англиски: neighborhood Албански: fqinjë
Употреба: Разговорно
Примери:
Тоа му беше познато на целото соседство.