а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спакува

спакуваат; спакувал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8915
1. Стави, врзе во пакет.
Англиски: pack Албански: paketoj
Примери:
Брзо ги спакував книгите.
2. Собере, подреди потребни работи што се носат за патување.
Англиски: pack
Употреба: Преносно значење
Примери:
По ручекот, гостите ги спакуваа личните работи и заминаа од хотелот.
3. За карти - подреди една врз друга.
Англиски: pack Албански: paketoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Го спакува шпилот карти.
4. Измисли нешто лошо некому, напакости.
Англиски: harm Албански: dëmtoj
Примери:
Не знаеше кој му го спакувал тоа.
5. (се спакува) Се подготви за одење, за патување.
Англиски: pack Албански: paketoj
Примери:
Ние веќе се спакувавме.