а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

спровре

спроврат; спроври, спроврете; спроврев, спровреа; спроврел; спроврен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18222
1. Провлече низ тесен отвор.
Англиски: stick Албански: tërheq
Примери:
Ја спроврел главата низ оградата.
Ја спроврел раката.
2. За конец - вдене.
Албански: agoi
Примери:
Одвај успеа да го спровре конецот во иглата.
3. Внесе некого некаде бесправно.
Англиски: smuggle Албански: kontrabandë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го спровре без билет.
4. (се спровре) Провлече се низ тесен отвор.
Албански: tërheq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Одвај се спровреа низ дупката.
Се спровре низ бавчите и дрвјата.
(разг.) Се спровре низ иглина дупка.
5. Истурка, помине некако.
Албански: shtyn
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се спровре и овој пат.